Линкови за пристапност

Бајден: Кинеската одбранбена зона предизвикува вознемиреност


Американскиот лидер на средбата со Ши ја изразил „цврстата позиција и очекувања“ на Вашингтон во врска прашањето.

Американскиот потпретседател Џо Бајден вели дека новата кинеска воздушна одбранбена зона во Источното Кинеско Море креирало „значителна вознемиреност“ во регионот.

На група американски бизнис лидери во Пекинг во четврток, Бајден им кажа дека бил „многу директен“ за предметот за време на неговите разговори со кинескиот претседател Ши Џинпинг.

Но потпретседателот кажа дека конфликт меѓу Пекинг и Вашингтон не е неизбежен, и покрај тоа што понекогаш имаат несогласувања.

Бајден и Ши се сретнаа на околу пет часа во средата, при што американскиот лидер ја изрази „цврстата позиција и очекувања“ на Вашингтон во врска со воздушната одбранбена зона.

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека Ши му рекол на Бајден дека зоната била во согласност со меѓународното право и дека САД треба да гледаат на тоа „објективно и фер“.

САД ја отфрлија кинеската Воздушна одбранбена зона за идентификување, поставена минатиот месец, што вклучува територија на која американскиот сојузник Јапонија смета дека има право.

Прашањето се очекуваше да доминира во разговорите на Бајден во Кина во четврток, со кинескиот премиер Ли Кегјанг.

Бајден подоцна отпатува за Јужна Кореја каде исто така е отфрлена зоната. Сеул е последната станица на еднонеделното патување на Бајден низ Азија.
XS
SM
MD
LG