Линкови за пристапност

Бајден се сретна со кинескиот претседател


Ниеден од двајцата пред новинарите не ја спомена одбранбената кинеска зона што предизвика регионални тензии.

Американскиот потпретседател Џо Бајден и кинескиот претседател Ши Џинпинг во среда се сретнаа во Пекинг, но никој од нив јавно не коментираше за новата кинеска одбранбена зона, што покрена регионални тензии.

По нивната иницијална средба Бајден кажа дека двете страни мора да се базираат на доверба. Но тој не ја спомена зоната, што беше голем фокус на неговите разговори во Јапонија во вторникот.

Ши не ја спомена директно контроверзата, велејќи само дека односите меѓу Вашингтон и Пекинг генерално одржуваат „позитивен развој“, но дека „регионалните жешки прашања“ постојано се појавуваат.

Иако ниеден од нив пред новинарите не зборуваше за одбранбената зона, Бајден вети дека ќе го покрене прашањето за време на неговите разговори со кинеските лидери.

Посетата на Пекинг доаѓа еден ден по посетата на американскиот сојузник Јапонија, каде рече дека „е длабоко загрижен“ за кинеската одбранбена воздушна зона во Источното Кинеско Море.

По средбата со јапонскиот премиер Шинзо Абе, Бајден сугерираше воспоставување „мерки за градење на довербата, вклучувајќи комуникациски канали за итни ситуации“, за да се помогне во намалувањето на тензиите.
XS
SM
MD
LG