Линкови за пристапност

Бајден замина за Азија среде тензиите со Кина


Посетата на американскиот потпретседател е со цел САД да се реафирмираат како сила на Пацификот

Американскиот потпретседател Џо Бајден е на шестдневна посета на Азија во време на зголемени тензии со Кина во врска со штотуку објавената воздушна одбранбена зона.

Бајден го започнува патувањето во понеделник во Јапонија, и ќе ги посети и Кина и Јужна Кореја. Белата куќа вели дека неговата посета е со цел да се реафирмираат САД како сила на Пацификот, промовирајќи економски и трговски интереси и нивната определба за ребалансирање на американската надворешна политика во Азискиот Пацифик.

Бајден ќе се сретне со кинескиот претседател Ши Џинпинг и премиерот Ли Кјеијенг. Белата куќа вели дека Бајден ќе бара напредок на ангажманот на високо ниво што е обележје на американско-кинеските односи.

Но, исто така се вели дека Бајден ќе разговара за таканречените области на загриженост, вклучувајќи ги регионалните тензии.

Минатиот месец, Кина објави воздушна одбранбена зона на Пацификот над островите што и двете држави, Кина и Јапонија, ги сметаат за свои.

Кина бара сите авиони да ги пријават плановите за летање пред да ја минат зоната. Јапонија одбива да се придржува на тоа.

САД веќе ја прелетуваат зоната со армиски авиони игнорирајќи ги кинеските барања, но препорачува американските комерцијални авиони да ги информираат Кинезите за нивните планови за летање.
XS
SM
MD
LG