Линкови за пристапност

Секој работник во САД треба да добие платено отсуство за да се вакцинира, рече Бајден


Претседателот ги повика работодавците во сите сојузни држави да им дозволат на работниците да се вакцинираат без да губат пари од платата

Денес постигнавме број од 200 милиони вакцинирани, на 92-от ден од стапување на функцијата, рече претседателот на САД Џо Бајден.

„200 милиони вакцини во 100 дена. Тоа е неверојатен успех за државата“, вели Бајден.

Според некои експерти, рече тој, напорите за брза имунизација спасиле десетици илјади животи во Америка.

„Никогаш нема да знаеме колку точно, но, знаеме дека спасија животи кои во спротивно ќе беа загубени“, рече Бајден.

Претседателот истакна дека вакцината е бесплатна и достапна, но, оти тоа не е доволно.

„Како што се спроведува вакцинирањето на возрасните граѓани, една грижа која ја слушнав од многу Американци е дека не можат да си дозволат да земат слободен ден од работа за да се вакцинираат, или ден потоа бидејќи не се чувствуваат добро. Затоа денес најавувам програма да се адресира овој проблем на национално ниво“, рече Бајден, додавајќи:

„Го повикувам секој работодавец, голем и мал, во секоја сојузна држава, да им дозволи на работниците да земат слободно време кое им е потребно, и кое ќе им биде платено, за да се вакцинираат. И колку им е потребно платено отсуство доколку не се чувствуваат добро по примање на вакцината“, изјави Бајден.

Тој рече дека ниту еден работник не треба да изгуби долар од платата затоа што одбрал да ја исполни својата патриотска должност да се вакцинира.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG