Линкови за пристапност

Џо Бајден на прво прекуокеанско патување во Европа


Неговата посета на Европа, која започнува со Велика Британија, е негово прво прекуокеанско патување како претседател

Шефот за трговија на Европската унија рече дека се надева оти посетата на американскиот претседател Џо Бајден ќе донесе напредок во решавањето на трговските спорови меѓу САД и ЕУ.

Говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, Валдис Домбровскис рече дека ЕУ бара „решителен напредок“ во однос на царините за челик и решавањето на прашањето околу субвенциите за производителите на авиони.

„Како мерки за градење доверба, ние мора да ги решиме трговските спорови помеѓу САД-ЕУ “, рече Домбровскис.

Трговските спорови меѓу двете страни ескалираа за време на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се пожали дека Европа се однесува многу лошо кон САД.

Бајден ги обнови врските со сојузниците во голем дел уште на стартот на неговиот мандат. Неговата посета на Европа, која започнува со Велика Британија, и вклучува состаноци со земји од НАТО и Г-7 групата, е негово прво прекуокеанско патување како претседател.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG