Линкови за пристапност

Бајден се повлекува од зголемување на данокот за корпорациите за да инвестира во инфраструктурата


Претседателот на САД, на настан со граѓаните вчера, изјави дека е отворен и за суштинска промена на филибастерот

Претседателот на САД Џо Бајден вчера се повлече од заложбата за зголемување на даноците за финансирање на планираните инфраструктурен и социјален план, и рече дека е отворен за реформирање на гласачките права во Сенатот преку „суштинска промена“ на филибастерот, објави Ројтерс.

На настан во Балтимор, организиран од телевизијата „Си-ен-ен“, Бајден рече дека е близу до склучување договор за легислативите за трошоци, недели по интензивни преговори меѓу демократите.

Сепак, тој рече дека зголемување на коропративните даноци веројатно нема да биде дел од легислативата.

Посебен предлог за минимум коропративни даноци би можел да ги финансира социјалните програми кои се во центар на неговата домашна агенда, рече Бајден.

На прашање за гласачките права, Бајден изрази поддршка за промена на сенатската традиција на филибастер, која бара 60 од 100 сенатори да се согласат за легислатива.

Останува да се види дали ќе има промени со филибастерот, додаде Бајден.

Прашан дали демократите се близу до договор, тој рече:

„Мислам. Ако не можеме да ја обединиме државата тогаш сме во голема неволја. Мислам дека ќе имаме договор“, нагласи Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG