Линкови за пристапност

Бајден ќе ги врати САД во Парискиот договор за климатски промени ако стане претседател


Поранешниот потпретседател, пак, рече дека нема да го обнови Транспацифичкиот договор за слободна трговија од времето на Обама, од кој Трамп се повлече во 2017 година

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден го осудува начинот на кој претседателот на САД Доналд Трамп реагира на обвиненијата, дека Руси нуделе пари да се убијат американски војници, критикувајќи ги на тој начин претседателската надворешната и безбедносна политика.

Сепак, двајцата претседателски ривали, не се разликуваат многу во однос на клучните прашања, како ставање крај на надворешните војни, заштита на американските работни места, и справување со кинеската агресија

Во вторникот, Бајден го кртикуваше пасивниот одговор на Трамп околу разузнавачките извештаи, дека Руси им нуделе пари на борци на Талибан да убијат американски војници во Авганистан, тврдејќи дека не бил брифиран, и оти извештаите не биле кредибилни.

„Идејата дека тој на некој начин не знаел, или не бил брифиран, е запоставување на неговата должност. Ако тоа е случај, и ако тој бил брифиран, а ништо не презел во врска со тоа, тоа е запоставување на должност“, рече Бајден.

Белата куќа го отфрли извештајот во Њујорк тајмс, според кој, руски воени разузнавачи им нуделе пари на борци на Талибан, за да убијат војници на САД во Авганистан, велејќи дека такво нешто не било верификувано, и оти за тоа немало согласност во разузнавачката заедница.

На раб на војна

Бајден, кој беше потпретседател на САД во времето на претседателот Барак Обама, е критички настроен кон Трамп, поради, како што вели тој, неговата почит кон рускиот претседател Владимир Путин и други авторитарни лидери, неговото справување со заканите кон националната безбедност, како и кон неговата надворешна политика „Америка прва“.

Бајден во јануари рече дека Трамп ги ставил САД на раб на војна, откако дозволи воздушен напад при кој беше убиен најмоќниот ирански генерал Касем Солејмани во Багдад.

„Пропустот да се консултира со нашите сојузници или Конгресот, како и неодговорното занемарување на последиците, кои сигурно би следеле, според мое мислење, го прави опасно неспособен“, рече Бајден тогаш.

Агенда на Бајден

За разлика од личната дипломатија на Трамп и неговата еднострана акција за справување со безбедносните закани кон САД, Бајден рече дека тој би организирал самит на демократиите, со цел да ги зајакне сојузништвата во време на зголемен авторитаризам во светот, и оти би претпочитал преговори наместо конфронтација.

Бајден, исто така, сака да ги обнови односите со НАТО во Европа, откако Трамп, вели тој, ги нарушил, барајќи зголемени трошоци за одбраната

Сепак, позцијата на Бајден е близу до онаа на Трамп, кога станува збор за ставање крај на воената вклученост на САД во Авганистан и Сирија, преговорите со Северна Кореја за денуклеаризација, како и за спротивставувањето на кинеското прекршување на човекови права во Хонгконг.

Бајден реагираше на забраната на Кина за демократски протести во Хонгконг, велејќи дека ако тој биде избран за претседател, би им забранил на американските компании да „помагаат репресија“ во Хонгконг, како и дека би вовел санкции кон Кина за злоупотреба на човековите права.

Критичарите, пак, ја доведуваат во прашање можноста на Бајден да предводи каков било меѓународен одговор, со оглед на прогресивното крило во Демократската партија, кое се спротивставува на воени интервенции, како и поради домашните предизвици, меѓу кои пандемијата на КОВИД-19, високата стапка на невработеност и протестите против расната неправда.

Времето на Обама

Бајден, веројатно, би ги вратил САД во Иранскиот нуклеарен договор, кој беше преговаран од администрацијата на Обама.

Тој повторно ќе се заложи и за Парискиот договор за климатски прмени, потпишан од речиси 200 држави, и кој беше направен да се намали емисијата на стакленички гасови од автомобилите и од фабриките, како дел од борбата против глобалното затоплување.

Но, Бајден рече дека нема да го обнови Транспацифичкиот договор за слободна трговија од времето на Обама, од кој Трамп се повлече во 2017 година, се `додека не се воведат поголема заштита на работната сила и нови работни места.

Тој се заложи за подобрување на трговските практики и демократски вредности во развиениот свет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG