Линкови за пристапност

Бајден денес ќе го номинира судијата Мерик Гарленд за иден главен правобранител


Избраниот претседател Џо Бајден денес јавно ќе ја објави неговата номинација за главен правобранител, федералниот апелационен судија Мерик Гарленд, изјави транзициониот тим на Бајден.

Гарленд (68), служел 23 години како апелационен судија во Вашингтон, но, доби национално внимание кога поранешниот претседател Барак Обама го номинираше за судија во Врховниот суд за време на неговата последна година во Белата куќа.

Ако биде потврден од Сенатот, Гарленд ќе презеде контрола врз институцијата, која демократите веруваат дека била исполитизирана изминативе четири години, под раководство на актуелниот главен правобранител Вилијам Бар.

Бајден, кој се очекува да биде инаугуриран на 20. јануари, исто така, планира да ја именува поранешната советничка за домашна безбедност Лиза Монако за заменик-главен правобранител, велат соработници на Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG