Линкови за пристапност

Републиканците со напади кон демократите, по обвинувањето за наводен секусален скандал на Бајден


Кампањата на демократската претседателска номинација ги негираше обвинувањата за нападот, кој наводно се случил во подрум на конгресните канцеларии во 1990-те години, јави Асошиетед прес

Обвинувањето на демократската претседателска номинација Џо Бајден, за наводен сексуален напад на поранешна вработена во неговиот кабинет во Сенатот Тара Рид, поттикна реакции од страна на републиканците, но, ги стави во непријатна ситуација и многумина во неговата партија, јави Асошиетед прес.

Кампањата на Бајден ги негираше обвинувањата за нападот, кој наводно се случил во подрум на конгресните канцеларии во 1990-те години.

Оваа информација предизвика големо внимание неделава, откако две лица, кои ја познаваат Рид, изјавија дека таа претходно им кажала детали за наводниот напад.

Републиканците, кои се загрижени за рејтингот на претседателот Доналд Трамп, го користат моментот да ги нападнат демократите, велејќи дека се лицемерни, додека демократите се ставени во тешка ситуација да го бранат човекот, од кој очекуваат да ги добие најаважните избори во нивната досегашна историја.

Тензиите се зголемуваат уште повеќе, бидејќи Бајден лично не одговори на обвинувањата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG