Рускиот претседател Владимир Путин, по средбата со претседателот на САД Џо Бајден, одржа прес-конференција, на која рече дека состанокот бил конструктивен, и оти немало конфликт. Во моментот се одвива прес-конференцијата на претседателот Бајден.
Путин го опиша Бајден како „конструктивна личност, добро балансиран и искусен политичар“.
Тој нагласи дека се договориле да ги вратат амбасадорите на функција, кои се вратија во матичните држави на почетокот на годинава, како последица на влошување на односите. Двајцата амбасадори присуствуваа на денешната средба.
Рускиот претседател, исто така, рече дека двете страни ќе почнат консултации околу стабилноста и сајбербезбедноста, истакнувајќи дека како нуклаерни сили, „САД и Русија имаат специјална одговорност да ги одржуваат односите“.
Во однос на Украина и рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Путин рече:
„Овој човек знаеше дека ги крши законите на Русија. Тој е обвинет двапати“, рече Путин, без да го спомне името на Навални.
Путин потврди дека со Бајден разговарале за Украина, велејќи дека нема што да разговара околу заленувањето на Киев во НАТО.
Facebook Forum