Средбата меѓу претседателот на САД Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин во Женева почна со состанок на двајцата лидери и претседателот на Швајцарија Ги Пармелин. Бајден е во придружба на државниот секретар Ентони Блинкен, додека Путин го придружува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Секоја страна има преведувач.
По оваа средба, двајцата лидери имаат проширен состанок, кој се очекува да трае најмалку четири часа, според висок официјален претставник на администрацијата.
Тој вели дека Американците и Русите се договориле да обезбедат флексибилност, што ќе им овозможи на лидерите да утврдат кој е најдобриот начин да работат.
Според него, целта на Бајден е да бара полиња каде САД и Русија би можеле да работат заедно, истовремено, ставајќи ги јасно до знаење американските витални национални интереси, како и истакнувајќи дека „руските активности против тие интереси ќе бидат проследени со одговор“.
Еден можен резултат од состанокот, вели високиот официјален претставник на администрацијата, е враќање на амбасадорите на двете држави кои беа повлечени, Џон Саливан и Анатоли Антонов, кои сега се во Женева да учествуваат на самитот.
Facebook Forum