Линкови за пристапност

Се надевам состанокот ќе биде продуктивен, му рече Путин на Бајден пред почетокот на средбата


Бајден се заблагодари, истакнувајќи дека секогаш е подобро кога состаноците се одвиваат лице в лице

Претседателот на САД Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, си заблагодарија еден на друг за време на кусата и хаотична можност за новинарите, пред почетокот на нивната средба, при која руските и американските медиуми се туркаа меѓусебе.

„Господине претседател, би сакал да ви се забалгодарам за вашата иницијатива да се сретнеме денес. Знам дека имавте долго патување“, рече Путин преку преведувач, и продолжи:

„Односите меѓу САД и Русија имаат многу акумулирани проблеми, кои бараат средба на највисоко ниво. Се надевам дека нашиот состанок ќе биде продуктивен“.

Бајден одговори љубезно:

„Благодарам. Како што реков надвор, мислам дека секогаш е подобро да се среќавате лице в лице“, рече Бајден.

Предмалку почна средбата меѓу двајцата лидери, која се случува во Женева, главниот град на Швајцарија, кој со години се бира како локација за средби поради нејзината политичка неутралност.

Двете страни ги истакнуваат можностите за соработка, но, ги потценуваат очекувањата за каков било напредок во тензичните односи меѓу Москва и Вашингтон.

Состанокот се очекува да биде можност многу повеќе за страните да ги кажат нивните критики, отколку како платформа за постигнување значајни договори.

„Не очекуваме многу испорачувања од овој состанок“, изјави за новинарите кои патуваат со Бајден на средбата висок официјален претставник од администрацијата.

Путин слета во Женева пред состанокот, околу 1 часот локално време. Бајден, пак, пристигна на локацијата кусо потоа, дипломатска игра што Белата куќа ја смисли за да го избегне сценариото од Хелсинки во 2018 година, кога Путин доцнеше и го остави поранешниот претседател Доналд Трамп да чека преку 30 минути.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG