Почна средбата меѓу претседателот на САД Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин во Женева, главниот град на Швајцарија, кој со години се бира како локација за средби поради нејзината политичка неутралност.
Двете страни ги истакнуваат можностите за соработка, но, ги потценуваат очекувањата за каков било напредок во тензичните односи меѓу Москва и Вашингтон.
Состанокот се очекува да биде можност многу повеќе за страните да ги кажат нивните критики, отколку како платформа за постигнување значајни договори.
„Не очекуваме многу испорачувања од овој состанок“, изјави за новинарите кои патуваат со Бајден на средбата висок официјален претставник од администрацијата.
Путин слета во Женева пред состанокот, околу 1 часот локално време. Бајден, пак, пристигна на локацијата кусо потоа, дипломатска игра што Белата куќа ја смисли за да го избегне сценариото од средбата во Хелсинки во 2018 година, на која Путин доцнеше и го остави поранешниот претседател Доналд Трамп да чека повеќе од 30 минути.
Двајцата лидери се ракуваа пред да влезат на средбата.
Facebook Forum