Линкови за пристапност

Поранешниот потпретседател Џо Бајден во трета трка за претседател на САД


Бајден беше заменик претседател на Обама осум години

Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, демократ што ќе се кандидира против претседателот Доналд Трамп на националните избори на 3 ноември, по трет пат е кандидат за Белата куќа - но, за прв пат, е претпоставен кандидат на неговата партија.

Двајцата претседателски кандидати, Доналд Трамп и Џо Бајден, е планирано да се соочат на три дебати во септември и октомври


Ако победи и биде инаугуриран следниот јануари, Бајден би станал 46-тиот претседател на државата. Исто така, со 78 години, тој би бил најстариот американски претседател досега, надминувајќи го 74-годишниот Трамп.

Бајден во текот на неколкумесечната кампања рече дека сака да стави крај на „непостојаната“ администрација на Трамп.

„Ние сме во битка за душата на Америка“, вели Бајден на својата веб-страница за кампања. „Време е да се потсетиме кои сме. Ние сме Американци: жилави, отпорни, но секогаш полни со надеж. Време е да се однесуваме едни со други достоинствено. Да изградиме средна класа која работи за секого. Борба против неверојатните злоупотреби на моќ што ги гледаме. Време е да одиме подлабоко и да запомниме дека нашите најдобри денови сè уште се пред нас “.

Бајден го карактеризира Трамп како несоодветен водач на Слободниот свет, велејќи: „Време е за почитувано лидерство на светската сцена - и достоинствено лидерство дома“.

Но, во услови на историска пандемија на коронавирус, кампањата на Бајден на почетокот на јули се разликува од која било модерна американска претседателска кандидатура.

Тој во голема мерка ја водеше својата кампања од својот дом во источната држава Делавер со повремени појавувања во Вилмингтон, најголемиот град во државата и во близина на Филаделфија, Пенсилванија, на говори и политички дискусии кои вклучуваат мали групи на луѓе.

Поранешниот американски сенатор одржа само една конференција за печатот во текот на тримесечен период избегнувајќи големи политички собири исплашен дека може да биде инфициран или да го поттикне ширењето на коронавирусот ако се соберат поголем број луѓе за да го слушаат како зборува.

Постигнувања и личен живот

По дипломирањето на Универзитетот во Делавер и Правниот факултет во Сиракуза, Бајден, на 29-годишна возраст, стана во 1972 година еден од најмладите законодавци некогаш избрани во американскиот Сенат.

Но, неколку недели по изборите, тој доживува лична трагедија. Сопругата на Бајден, Нилија и нивната едногодишна ќерка Наоми, загинаа во автомобилска несреќа за време на Божиќен шопинг.

Бајден размислуваше да поднесе оставка на своето место во Сенатот за да се грижи за двете други деца, двајцата синови.

Но наместо тоа, продолжи со ангажманот во Сенатот минувајќи секој ден по 90 минути во возот меѓу Вашингтон и неговиот дом во Делавер, практика која продолжи цели 36 години.

Неколку години по смртта на неговата прва сопруга, Бајден се запозна и подоцна се ожени со Џил Трејси, наставничка со која во 1981 година доби ќерка.

Откако Бајден се повлече од претседателската трка во 2007 година, тогашниот кандидат Барак Обама подоцна побара од него да биде негов колега. Двајцата победија на изборите во 2008 и беа реизбрани во 2012 година. Бајден беше заменик претседател на Обама осум години.

Надворешна политика

Во Сенатот, Бајден беше долгогодишен член на моќната Комисија за надворешни односи и двапати беше претседател на комисијата. Тој се спротивстави на војната во Персискиот Залив во 1991 година, но гласаше за овластување за инвазија на Ирак во 2003 година. Тој се залагаше за интервенција на САД и НАТО во Босна во 1994 година. Додека беше во администрацијата на Обама, Бајден помогна да се формулира американската политика кон Ирак, вклучително и повлекувањето на трупите во 2011 година. Тој исто така ја поддржа воената интервенција предводена од НАТО во Либија во 2011 година.

Бајден имаше и други клучни улоги во текот на годините поминати во Сенатот, особено во изработката на законите за борба против криминалот. Ги поддржа строгите пресуди за осудените криминалци, став што го измени во неговата кампања во 2020 година. Сега тој вели дека „премногу луѓе се наоѓаат во затвор во САД - и дека премногу од нив се црни и кафеави“.

Бајден вели дека за него е особено важен Законот против насилство врз жените. Сепак, во случајот на адвокатката Анита Хил, во кој Томас Кларенс беше обвинет за сексуално вознемирување, Бајден, тогашен претседател на Комисијата за правосудство во Сенатот, не дозволи дополнителни сведоци.

Женските групи и либералните активисти остро го критикуваа Бајден поради тоа. На крајот, Сенатот ја потврди номинацијата на Томас за негово именување во Врховниот суд.

Платформа

Потенцијалното претседателство на Бајден може да биде одгледало на осумгодишниот мандат на Обама во Белата куќа, со политики кои се залагаат за расна еднаквост и за правата на жените во САД и меѓународните договори во странство.

Додека Трамп ги повлече САД од мултинационални трговски, нуклеарни и климатски договори за кои не сметаше дека се во најдобар интерес на Вашингтон, од Бајден скоро со сигурност може да се очекува да се обиде да го врати американскиот застој и ангажман во странство.

Дома, Бајден со години имал репутација да посегнува по политичката патека за да соработува со републиканските законодавци, но за време на долгата борба за претседателската номинација на Демократска партија, Бајден се наметнува наспроти критиките дека не е доволно либерален за денешната Демократска партија.

Бајден ги нагласува постигнувањата на администрацијата на Обама, вклучително и проширувањето на здравствената заштита, поддршката на напорите за легализирање на бракот меѓу хомосексуалци и залагањето за финансиска помош од владата за американската автомобилска индустрија.

Бајден тврди дека Трамп ја напуштил борбата против пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека „ќе го спречи политичкиот театар и намерните дезинформации што ја зголемуваат забуната и дискриминацијата“. Бајден рече дека „ќе обезбеди одлуките за јавното здравство да ги носат професионалци од јавното здравство, а не политичари“.

Сепак, ќе останат запаметени и некои од гафовите на Бајден, кои му дадоа можност на Трамп да тврди дека се намалува менталната способост на кандидатот на демократите како што старее. Имено, во последните неколку недели, Бајден изјави дека се кандидира за во Сенатот наместо запретседател, а друга прилика рече дека 120 милиони Американци умреле од коронавирусот, наместо 120.000.

Двајцата кандидати е планирано да се соочат на три дебати во септември и октомври.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG