Избраниот претседател Џо Бајден најави дека неговиот долгогодишен советник Рон Клeјн ќе биде шеф на кабинет на Белата куќа, кога тој ќе ја преземе функцијата.
Клeјн и претходно беше негов шеф на кабинет, за време на потпретседателската функција, а беше назначен и од претседателот Барак Обама да биде одговoрен за справување со епидемијата на ебола во 2014 година.
„Неговото длабоко и опсежно искуство, како и капацитет за работа со луѓе од сите политички страни, е точно тоа што ми треба од шеф на кабинет во Белата куќа, како што се соочуваме со овој момент на криза“, рече Бајден во изјава вчера.
Клејн рече дека му е животна чест што бил избран за оваа нова функција.
Бајден продолжува да се среќава со неговите советници за транзиција, меѓу кои има експерти што се запознаени со прашањата, со кои Бјаден се очекува да се соочи на почеток на неговата администрација, како што планира да презме контрола врз американската Влада кога ќе биде инаугуриран на 20-ти јануари.
Бајден рече дека би можел да најави некои од неговите клучни соработници до Денот на благодарноста, на 26-ти ноември.
Претседателот на САД Доналд Трамп не го прифати наводниот пораз на изборите, и поднесе бројни тужби во клучните сојузни држави.
Facebook Forum