Претседателот на САД Џо Бајден би инсистирал да се донесе инфраструктурниот план од два трилиона долари и без поддршка од републиканските законодавци, доколку не успее да постигне двопартиски договор, изјави американската секретарка за енергетика Џенифер Гранхолм, објави Ројтерс.
Гранхолм, во изјава за Си-ен-ен, рече дека Бајден би преферирал неговиот план да биде поддржан од републиканците, но, ако тоа не може, веројатно тој ќе ја поддржи процедуралната стратегија, наречена помирување, која ќе им дозволи на демократите да го одобрат планот во Сенатот.
Таа додаде дела повеќето Американци во моментов го поддржуваат планот на Бајден.
Лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел, минатата недела, рече дека инфраструктурниот план на Бајден ќе ги зголеми даноците и долгот во државата, заложувајќи се дека ќе се бори против него.
Планот за инфраструктура на Бајден би ги зголемил даноците на корпорациите, додека поранешниот претседател Доналд Трамп и републиканските законодавци ги скратија даноците од 35 на 21 отсто во 2017 година.
Facebook Forum