Линкови за пристапност

Бајден се очкува да го номинира апелациониот судија Мерик Гарленд за главен правобранител


Тој претходно беше номиниран од поранешниот претседател Барак Обама за судија во Врховниот суд

Избраниот претседател Џо Бајден се очекува да го номинира федералниот апелационен судија Мерик Гарленд за главен правобранител во неговата администрација, изјавија соработници на Бајден.

Гарленд (68) служел 23 години како апелационен судија во Вашингтон, но, доби национално внимание кога поранешниот претседател Барак Обама го номинираше за судија во Врховниот суд за време на неговата последна година во Белата куќа.

Бајден, кој се очекува да биде инаугуриран на 20. јануари, исто така, планира да ја именува поранешната советничка за домашна безбедност Лиза Монако за заменик-главен правобранител, велат соработници на Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG