Линкови за пристапност

Бајден разговара со лидерите на НАТО за Русија и климатските промени


Советникот за национална безбедност на САД Џејк Саливан, рече дека во фокус на разговорите ќе бидат и глобалната безбедност и Кина

Лидерите на НАТО Алијансата, меѓу кои и претседателот на САД Џо Бајден, денес разговараат за ревизија на стратешкиот концепт на Алијансата. НАТО последен пат го обнови документот, потенцијрајќи ја нејзината цел, во 2010 година.

Безбедносните закани и предизвици се променети оттогаш, според генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„На пример, во сегашниот стратешки концепт, Кина не се споменува со ниту еден збор. И климатските промени едвај се споменуваат. Се разбира, и нашиот однос со Русија беше во многу различна ситуација во тоа време, во споредба со денес“, рече Столтенберг.

Бајден во Англија рече дека „во Брисел ќе ставам јасно до знаење дека заложбата на САД кон НАТО и членот 5 е цврста како камен. Тоа е света обврска што ја имаме согласно членот 5“.

Советникот за национална безбедност на САД Џејк Саливан, вчера додаде дека „ние ќе го штитиме нивниот грб, исто како што тие го штитат нашиот“.

Тој рече дека на денешните разговори Бајден ќе се фокусира на колективната безбедност, климата, кибернетската безбедност и Русија. Тој рече дека Кина ќе биде вклучена во новиот документ многу поцврсто, на начин на кој не била досега.

Бајден в среда се среќава со рускиот претседател Владимир Путин во Женева.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG