Линкови за пристапност

Америка се врати, повтори Бајден во Брисел


Знам дека можеме да сметаме на Америка, и дека Америка може да смета на Европа, додаде генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Претседателот Џо Бајден во Брисел ја повтори пораката „ Америка се врати“, нагласувајќи ја заложбата на САД кон НАТО Алијансата, на првиот Самит како претседател на САД.

„Само сакам цела Европа да знае дека САД се тука“, рече Бајден на состанокот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Бајден рече дека членот 5, со кој се гарантира принципот на колективна безбедност, е света обврска.

„Постојано ги потсетувам Американците дека кога Америка првпат беше нападната, НАТО помогна“, рече Бајден укажувајќи на терористичките напади на 11. септември 2001 година.

Столтенгерг рече дека ќе се консултира со Бајден за тоа како да ја адресира зголемената закана од Кина и Русија.

„Знам дека можеме да сметаме на Америка, и дека Америка може да смета на Европа“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG