Линкови за пристапност

Јужнокорејскиот претседател во петок ќе се сретне со Бајден во Белата куќа


Двајцата лидери меѓусебно ветија дека ќе работат кон крајната цел за постигнување целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин ќе биде вториот светски лидер што ќе се сретне лице в лице со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа во петок. Посетата може да биде негово последно патување во САД како шеф на државата и последна шанса да ги исполни предизборните ветувања пред да му заврши мандатот.

Дискусиите меѓу двајцата лидери се случуваат само неколку недели откако администрацијата на Бајден го заврши својот повеќемесечен преглед на политиката на Северна Кореја“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Мун го поздрави овој пристап со говорот на националната телевизија по повод неговиот четиригодишен мандат на 10-ти мај. Тој повика на акција за враќање на меѓукорејскиот дијалог, и вети дека ќе стори се што може за да го врати мирот во регионот.

Северна Кореја се очекува да биде на врвот на агендата на состанокот. Двајцата лидери меѓусебно ветија дека ќе работат кон крајната цел за постигнување целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Средбата Мун-Бајден ќе биде втора лична средба на Бајден откако тој ја презеде функцијата во јануари. Првиот беше со азискиот лидер, јапонскиот премиер Јошихиде Суга.

Двете средби служат како силен показател за широката посветеност на администрацијата на Бајден за воспоставување мир и безбедност низ Индо-пацифичкиот регион, зајакнување на трилатералниот безбедносен сојуз САД-Кореа-Јапонија и подготвување на удар на растечкото влијание на Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG