Линкови за пристапност

Бајден во увид на штетата од торнадата


Во Кентаки претседателот на САД ќе биде брифиран за последиците на невремето од викендот, но Белата куќа вели дека целта му е да чуе директно од народот и да понуди поддршка.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска оди во сојузната држава Кентаки да направи увид во штетата од серијата торнада кои убија најмалку 74 лица.

Бајден треба да биде брифиран за невремето што се случи доцна во петокот и рано во саботата и ќе посети два града - Мејфилд и Досон Спрингс - срамнети со земја од торнадата.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, вчера кажа дека повеќе од 100 лица сеуште се водат за исчезнати од неговата држава, од кои повеќето се од Досон Спрингс, град што брои помалку од 3.000 население.

Прес секретарката на Белата куќа Џен Саки на новинарите им кажа дека Бајден сака да слушне директно од народот, и дека сака директно на луѓето да им понуди поддршка.

Бајден одобри декларација за федерална несреќа за Кентаки и соседните Тенеси и Илиноис по невремето што донесе повеќе од 30 торнада во пет држави. Најмалку 88 лица загинале во нив.

XS
SM
MD
LG