Линкови за пристапност

Бајден потпиша наредби за враќање на имиграционата политика како што беше пред Трамп


Американскиот претседател Џо Бајден потпиша извршни наредби за почеток на разградување на рестриктивните имиграциски политики на поранешниот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи и обид за повторно соединување на семејствата раздвоени на американско-мексиканската граница.

„Не правам нов закон. Само отстранувам лоша политика“, рече Бајден при потпишувањето на наредбите.

Една од тие наредби ќе воспостави работна група дезигнирана за соединување на повеќе од 600 мигрантски деца со родителите откако федералните власти ги раздвоија на границата во 2017 и 2018. Официјални лица велат дека првата дама Џил Бајден ќе игра активна улога во тој напор.

На церемонијата на потпишување на извршните наредби, Бајден рече дека се надева да ја отстрани „дамката“ на семејно раздвојување. Бајден не одговори на прашања од новинарите.

Директивите на Бајден исто така бараат обновување на американскиот систем за давање азил, што Трамп го промени, правејќи да биде исклучително тешко да се добие азил во САД.

Сепак, имиграциските промени на Бајден ќе наидат на различни судски предизвици. Во првата недела на функцијата, тој веќе претрпе законски удар кога федерален судија привремено го блокираше неговото паузирање од 100 дена на депортации додека случајот е во постапка.

XS
SM
MD
LG