Линкови за пристапност

Камала Харис патува во Невада да промовира план за справување со климатската криза


Потпретседателката на САД ќе зборува за намалување на водата во езерото Мид, кое обезбедува вода за пиење за повеќе од 40 милиони лица во овој регион

Потпретседателката на САД Камала Харис денес патува во близина на Лас Вегас, Невада, кај езерото Мид, да ја промовира стратегијата на администрацијата на Бајден за климатската криза, како и да повика да се донесе инфраструктурниот план.

Харис се очекува да слушне од локалните, сојузните и федералните власти за намалување на водата во езерото, што обезбедува вода за пиење за повеќе од 40 милиони лица во овој регион.

Харис планира да го промовира и планот за инфраструктура и работни места од 55 милијарди долари, што беше договорен на почетокот на годината меѓу претседателот Џо Бајден и двопартиска група сенатори.

Инвестицијата вклучува десетици милијарди долари за водната инфраструктура и да се заштитат заедниците од влијанието на климатските промени, вклучувајќи топлотни бранови и суши.

Дел од информацијата е преземена од Асошиетед прес

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG