Линкови за пристапност

Харис во посета на Гватемала да разговара за корупцијата и насилството


Претседателот Џо Бајден ја назначи Харис да ги предводи напорите за адресирање на причините за зголемениот број мигранти на границата САД-Мексико

САД денес ќе најават нови мерки против шверцот и нелегалната трговија од Централна Америка, во време кога потпретседателката Камала Харис се среќава со лидерите на Гватемала да разговара за миграцијата и безбедносните прашања.

Висок официјален претставник на администрацијата вели дека е можна и најава за дополнителни мерки за справување со корупцијата, но, оти нема планови за откривање дополнителна парична помош во овој момент.

Претседателот Џо Бајден ја назначи Харис да ги предводи напорите за адресирање на причините за зголемениот број мигранти на границата САД-Мексико.

Покрај средба со претседателот на Гватемала, Харис ќе се сретне и со лидери на заедници и претприемачи.

„Таа сака да слушне од сите лица со кои ќе се сретне, за да може да развие широка агенда, стратегија, која ќе ја земе предвид потребата од развој на економијата на Гватемала, справувањето со климатската криза и недостигот на храна како последица на тоа, да се бори против сиромаштијата, насилството и корупцијата“, рече Ненси Мекелдовни, советник за национална безбедност на потпретседателката.

Харис утре продолжува со слични разговори во Мексико Сити.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG