Линкови за пристапност

Бајден отпатува во Џорџија да ги промовира предлозите за помош на децата и семејствата


Во наредните денови, претседателот ќе оди и во сојузните држави Пенсилванија и Вирџинија, со цел да ја добие поддршката од гласачите

Претседателот на САД Џо Бајден и клучни официјални лица од неговата администрација, почнаа кампања за промоција на неговите предлози за помош на семејствата и децата во вредност од четири трилиони долари.

Денес, 100 дена од преземање на функцијата, Бајден отиде во сојузната држава Џорџија, клучна политичка држава, да одржи кампања во близина на Атланта.

Неговите напори доаѓаат ден по обраќањето во Конгресот, при кое најави помош за Американците од средната класа, и одржување на финансиска стабилност на семејствата.

Во наредните денови, тој планира настани и во сојузните држави Пенсилванија и Вирџинија, со цел да ја добие поддршката од гласачите да извршат притисок врз скептичните законодавци во Вашингтон, да одобрат план за забрзување на економското заздравување од пандемијата на коронавирус.

Плановите на Бајден имаат голема поддршка од демократите, но, не и од републиканците, кои сметаат дека плановите се многу скапи. Тие се против покачување на даноците на корпорациите и богатите Американци, за да можат да се платат овие програми.

Потпретседателката Камала Харис денес патува во Балтимор да ги промовира плановите на Бајден, а в петок во Охајо, додека вториот џентламен Даг Емхоф ќе се обрати во сојузната држава Северна Каролина.

Членови од Кабинетот на Бајден, исто така, држат говори низ дражавата за да ги промовираат предлозите на претседателот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG