Избраниот претседател Џо Бајден објави дека поранешната директорка на Федералните резерви Џенет Јелен, ќе биде прва жена на чело на Одделот за финансии во неговата 231-годишна историја.
Таа ќе се соочи со предизвици за справување со последиците од пандемијата врз најголемата светска економија.
Бајден ја именуваше Нира Танден за директорка на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа. Ако биде потврдена од Сенатот, таа ќе биде прва обоена жена на чело на оваа владина агенција.
Сесилија Рус е именувана да биде претседавачка со Советот за економски советнци. Таа би била прва Афроамериканка и четврта жена на оваа позиција.
Бајден и избраната потпретседателка Камала Харис, исто така, го најавија тимот за комуникации составен од жени. Кејт Бедингфилд ќе биде директорка за комуникации на Белата куќа, додека Џен Псаки ќе биде портпаролка на Белата куќа.
Бајден додега именуваше лица на бројни позиции во неговата администрација, меѓу кои за тимот за национална безбедност, државен секретар и секретар за финасии.
Facebook Forum