Линкови за пристапност

Бајден ја именуваше Џен Псаки за портпаролка на Белата куќа


Најрано денес, тој се очекува да ги именува избраните лица за економски позиции во неговата администрација

Избраниот претседател Џо Бајден денес се очекува да добие пристап до првиот извештај од разузнавачката заедница, во однос на прашањата поврзани со националната безбедност, подготвувајќи се да ја презеде функцијата во јануари.

Бајден и избраната потпретседателка Камала Харис, исто така, најрано денес, се очекува да ги именуваат избраните лица за економски позиции во нивната администрација.

Повеќе медиуми, повикувајќи се на луѓе запознаени со процесот, објавија дека Нира Танден е изборот да ја води Канцеларијата за буџет на Белата куќа, додека Сесилија Рус да биде претседавачка со Советот за економски советнци.

Бајден веќе ја именуваше поранешната директорка на Федералните резерви Џенет Јелен за секретарка за финансии.

Вчера, Бајден и Харис го најавија тимот за комуникации составен од жени. Кејт Бедингфилд ќе биде директорка за комуникации на Белата куќа, додека Џен Псаки ќе биде портпаролка на Белата куќа.

Бајден додега именуваше лица на бројни позиции во неговата администрација, меѓу кои за тимот за национална безбедност, државен секретар и секретар за финасии.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG