Претпоставената демократска номинација за претседател на САД Џо Бајден, го нагласи историскиот момент кога првпат ја претстави сенаторката Камала Харис, неговиот избор за потпретседател, на собир во сојузната држава Делавер.
Бајден и Харис, двајцата со маски поради пандемијата на коронавирус, се обратија од средно училиште во градот Вилмингтон, каде живее Бајден.
Говорите им беа фокусирани на темите од нивната кампања, посочувајќи на нивното лидерство во помагање на Американците за време на кризата со пандемијата, како и на растечките економски тешкотии и инспиративната порака што доаѓа со изборот на Харис.
Facebook Forum