Американскиот потпретседател вели дека проблемот со насилство поврзано со огнено оружје бара итна акција.
Џо Бајден ова го кажа на синоќешната средба во Вашингтон со претставници на организации за безбедност од огненото оружје и членови на семејствата на загинати во насилство со него. Средбата е дел од тридневните разговори посветени на проблемот.
Бајден истакна дека со претседателот Барак Обама се „решени да преземат акција“ и разгледуваат бројни решенија, вклучувајќи нова легислатива и извршни наредби.
Белата куќа веќе најави дека Обама сака Конгресот да воведе поостри рестрикции за полуавтоматското оружје и да ги затвори дупките во законот во безбедносната проверка на лицата кои сакаат да купат такво.
Бајден денес треба да се сретне со претставници на Националното здружение за огнено орује, најголемата организација што го застапува правото на поседување на оружје.
Гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, пак, врши притисок за воведување на построги закони за контрола на оружјето, забрана за оружјето од армиски стил и продажба на големи количества на муниција.
Убиството на 20 деца и шест возрасни во декември, во основно училиште во Њутаун, Конектикат, повторно ја разгоре дебатата за контролата на оружјето во САД.
По овој масакр, претседателот Обама го назначи Бајден да предводи со напорот - до крајот на јануари да излезе со конкретни предлози против насилството со огнено оружје.