Линкови за пристапност

Бајден денес ќе побара поголема акција за контрола на оружјето


Само во Њујорк годинава досега имало 194 убиства, наспроти 171 во истиот период минатата година, додека во Чикаго третиот по големина град во земјата, убиствата се зголемија на 307 од 296 во истиот период минатата година

Како што пристигнува летото, насилството со оружје во поголемите градови во САД не попушта, што ја предизвикува администрацијата на претседателот Џо Бајден во акција и ги комплицира напорите за спроведување на реформата на кривичната правда.

Бајден треба да објави серија извршни наредби наменети да ги намалат насилните злосторства во денешниот говор и се очекува да го обнови повикот Конгресот да донесе закон за контрола на оружјето.

Само во Њујорк годинава досега имало 194 убиства, наспроти 171 во истиот период минатата година, според последните полициски податоци. Во Лос Анџелес, вториот по големина град во САД, бројот изнесува 148 убиства, за разлика од 121 минатата година, додека во Чикаго, третиот по големина град во земјата, убиствата се зголемија на 307 од 296 во истиот период минатата година.

Скокот на убиствата и престрелките започна минатото лето откако градовите започнаа да ги олеснуваат ограничувањата поврзани со пандемијата. Според неодамнешното истражување на Здружението на началници на поголемите градови, професионална организација со полициски раководители од САД и Канада, во 2020-та година имало 8.077 убиства во 67 поголеми градови, што е за 33 отсто повеќе од 6.087 во 2019-та година.

Со обвинувањата на републиканците за зголемувањето на криминалот во прогресивната политика за кривична правда, администрацијата на Бајден одговори со иницијативи со цел спречување на насилството.

Минатиот месец, јавниот обвинител Мерик Гарланд објави нова стратегија за борба против криминалот, која вклучува зголемен ангажман на заедницата и средства за прекинување на насилството.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, рече дека претседателот е цврст верник во потребата од реформи на полицијата, „но има и чекори што може да ги преземе како претседател на САД за да помогне во справувањето и намалувањето на тој криминал“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG