Европските законодавци го поздравија економскиот пакет на претседателот Џо Бајден од 1,9 трилиони долари, и се надеваат дека тој ќе придонесе за раст и на нивните економии.
„Помошта е тука“, твитна Бајден по гласањето за пакетот во Конгресот.
Иако твитот се однесуваше во најголема мера за Американците, сепак и Европејците очекуваат бенефит од овој закон, кој беше донесен точно една година откако Светската здравствена организација прогласи пандемија на коронавирус.
Британскиот „Фајненшл тајмс“ објави дека легислативата е „речиси исто толку историска колку и пандемијата што треба да ја адресира“. Уредувачкиот борд на медиумот забележа дека „планот на Бајден е од големо значење за пошироката светска економија“.
Европските инвеститори, исто така, ја поздравија американската помош. Берзите отворија повисоки, откако Претставничкиот дом му ја предаде легислативата на Бајден.
Сепак, висината на овој пакет е загрижувачка за повеќемина, кои се плашат дека може да дојде до инфлација.
Федералните резерви на САД, велат дека планираат да ги држат каматните стапки ниски, за да спречат ризик од можна инфлација. Оттаму велат дека најголем ризик претставува привремен скок на цените.
Facebook Forum