Линкови за пристапност

Бајден ќе претстави план за опоравување на работните семејства


Демократскиот претседателски кандидат на САД Џо Бајден во вторник ќе објави серија економски предлози со фокус на работните семејствата додека води кампања на околу 100 дена пред гласачите да решат меѓу него и претседателот Доналд Трамп.

Од кампањата на Бајден велат дека тој „ќе претстави силен план за работната сила на пружање грижа и образование за 21-от век“, како дел од неговиот план за американската економија наречен “Build Back Better” или „Изгради повторно подобро“.

Неодамнешни истражувања на јавно мислење индицираат водство на Бајден пред Трамп, вклучувајќи го истражувањето на Ројтерс и Ипсос спроведено врз регистрирани гласачи, минатата недела, кое го става Бајден за 10 процентни поени напред.

Демократскиот кандидат детализираше неколку други делови од неговиот план за опоравување додека го критикуваше одговорот на Трамп на коронавирусот и неговото раководење со економијата.

Трамп возврати со себепозиционирање како најспособен кандидат за зајакнување на економијата, нарекувајќи го Бајден „тотално неспособен“.

XS
SM
MD
LG