Линкови за пристапност

Бајден нареди да се зголеми пристапот на граѓаните да гласаат на избори


Ако имате најдобри идеи, нема што да криете, дозволете им на луѓето да гласаат, рече претседателот

Претседателот на САД Џо Бјаден нареди федералните агенции да промовираат можност за гласање, и да го зголемат пристапот до регистрација на гласачите и изборни информации.

Бајден вчера потпиша извршна наредба, 56 години откако 600 активисти за граѓански права беа претепани од сојузната полиција на Алабама, кога се обидуваа да протестираат за гласачки права во малиот град Селма.

Нападот беше пресвртница во движењето за граѓански права во САД, кое доведе до Законот за право на гласање во 1965 година.

„Секој квалификуван гласач би требало да може да гласа и да се брои“, рече Бајден, велејќи дека „ ако имате најдобри идеи, нема што да криете. Дозволете им на луѓето да гласаат“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG