Линкови за пристапност

Кучињата на Бајден ја напуштаат Белата куќа поради наводно агресивно однесување


Двете кучиња на претседателот на САД Џо Бајден наводно биле вратени во неговиот дом во Делавер, по, како што било објаснето, агресивно однесување кон член на обезбедувањето на Белата куќа.

Оваа информација прва ја пренесе телевизијата Си-ен-ен, која објави дека кучето Мејџор искасал член на обезбедувањето. Нема информации за тоа колку сериозен бил нападот.

Според извештаите, нема коментар од Белата куќа за овој случај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG