Линкови за пристапност

Бајден ги повика граѓаните да се вакцинираат во пресрет на Денот на сеќавање на загинатите војници


Претседателот на САД Џо Бајден им се заблагодари на Американците кои се вакцинирале, од кои околу 51 отсто се целосно вакцинирани, и уште еднаш ги повика граѓаните кои не се вакцинирани да го сторат тоа, објави Асошиетед прес.

Во пресрет на одбележување на Денот на сеќавање на американските војници кои го загубиле животот во сите војни, Бајден рече:

„Американци од сите партии и раси се обединија заедно да ги засукаат ракавите и да го дадат нивниот придонес“, нагласи Бајден.

Празникот, кој означува и неофицијален почеток на летото, се одбележува во време кога федералната влада и сојузните држави ги олеснуваат рестриктивните мерки, во однос на носење маски и социјално дистанцирање, како резулат на вакцинирање на голем дел од Американците, од кои повеќето веќе планираат да се вратат на старите рутини како пред пандемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG