Линкови за пристапност

Харис и Пелоси ќе испишат историја како први две жени зад Бајден при обраќањето во Конгресот


Претседателот Џо Бајден, вечерва, првпат ќе се обрати пред двата дома на Конгресот, а милиони гледачи ќе видат две жени зад претседателот првпат во историјата на САД

Потпретседателката на САД Камала Харис и спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси ќе испишат историја како први две жени кои ќе стојат зад претседателот на САД за време на неговото годишно обраќање во Конгресот, објави Асошиетед прес.

Претседателот Џо Бајден, вечерва, првпат ќе се обрати пред двата дома на Конгресот, а милиони гледачи ќе видат две жени зад претседателот првпат во историјата на САД.

Пелоси ќе биде таму како лидерка на Претставничкиот дом, додека Харис, која е прва жена на потпретседателската функција, и тоа црномуреста, ќе биде во улога на претседателка на Сенатот.

Претседателот Бајден се очекува да зборува за неговата цел да соработува со други држави и за преземање на лидерска улога на светската сцена во вечерашното обраќање пред Конгресот.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека Бајден планира да ја истакне е домашната програма за инвестирање во образование и грижа за децата.

Предлогот вклучува 1,8 трилиони долари за инвестиции во рок од преку десет години, кои опфаќаат универзална предучилишна грижа, две години бесплатен колеџ, субвенционирана детска грижа за квалификувани семејства, месечни примања од најмалку 250 долари за родители, како и зголемена достапност за бесплатни и по намалени цени училишни оброци.

Официјални лица од администрацијата велат дека Бајден предлага овие инцијативи во голема мера да бидат финансирани со покачување на даноците на богатите Американци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG