Линкови за пристапност

Бајден најави план за намалување на емисијата на метан до 2030 година


Една од најважните работиме што можеме да ја направиме во оваа одлучувачка декада за да ја одржиме целта од 1,5 степени е да ја намалиме емисијата на метан што е можно побрзо, рече претседателот на САД

Претседателот на САД Џо Бајден најави широк план за намалување на емисиите на метан, на вториот ден од Климатската конференција во Глазгов, на која учествуваат лидери на повеќе од 100 држави.

„Она што ќе го правиме отсега до 2030 година ќе влијае значително врз тоа дали ќе бидеме во можност да ја исполниме нашата долгорочна заштита“, рече Бајден и додаде:

„Една од најважните работи што можеме да ја направиме во оваа одлучувачка декада за да ја одржиме целта од 1,5 степени е да ја намалиме емисијата на метан што е можно побрзо“.

Метанот е гас кој придонесува директно за глобалното затоплување, и се создава при транспорт и производство на јаглен

Администрацијата на САД денес објави план што ќе поврзе повеќе владини сектори, меѓу кои Одделите за енергија, земјоделство, транспорт и домување за да се намалат емисиите.

Согласно планот, САД се заложуваат да ја намалат емисијата на метан за 30 проценти помалку во споредба со минатата година, и тоа до 2030 година.

Бајден, исто така, ја спомна и домашната легислатива за изградба на инфраструктурата, истовремено намалувајќи го значително загадувањето со стакленички гасови до 2030 година.

Оваа легислатива е заглавена во Конгресот со месеци, и закондавците не успеаја да ја донесат пред Бајден да замине на климатскиот самит минатата недела.

САД потфрлија во климатските заложби, откако во 2017 година поранешниот претседател Доналд Трамп најави дека ја повлекува државата од Парискиот климатски договор. Таа одлука стапи на сила во ноември 2020 година, но, Бајден ги врати САД во договорот првиот ден кога стана претседател.

Критичарите на претседателот велат дека некои од неговите климатски заложби не се доволни во споредба со заложбите на другите развиени држави.

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг вчера ги најави плановите на неговата држава за адресирање на климатските промени, додека критичарите реагираа оти не дал нови заложби за намалување на емисиите.

Кинескиот претседател, исто така, ги повика развиените држави да направат повеќе и да ги поддржат државите во развој во нивните напори за справување со климатската криза.

Годинешнава конференција се базира на правно обврзувачкиот договор што 196 држави, меѓу кои САД, Русија и Кина, го потпишаа пред шест години во Париз.

Договорот ги обврзува потписничките да ја намалат емисијата на штетни гасови за да се ограничи затоплувањето на планетата до 1,5 Целзиусови степени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG