Линкови за пристапност

Прва виртуелна средба меѓу Бајден и Трудо, ќе разговараат за пандемијата и климатските промени


Ова е прва билатерална средба со странски лидер, откако претседателот ја презеде функцијата минатиот месец

Претседателот на САД Џо Бајден, денес, виртуелно, се среќава со канадскиот премиер Џастин Трудо, што претставува прва билатерална средба на Бајден со странски лидер по преземањето на функцијата минатиот месец.

Според официјално лице од администрацијата на Бајден, двајцата лидери се очекува да разговараат за Кина и климатските промени, обидувајќи се да ги обноват односите кои беа затегнати за време на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Истото официјално лице, во анонимна изјава за новинарите, кажа дека Бајден сакал да разговара за заканите предизвикани од климатските промени, коронавирусот, како и заканите од Кина, Иран, Северна Кореја и од Русија.

Според извор близок до Канадската влада, кој, исто така, сакал да остане анонимен, Трудо планирал да покаже дека Канада е на иста линија со САД во врска со пандемијата, надворешната политика, климатските промени и други прашања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG