Линкови за пристапност

Бајден изразил силна поддршка да се продолжи пристапниот процес на Западен Балкан во ЕУ при разговор со Урсула фон дер Лајен


Претседателот ја повтори заложбата да продолжи со имплементација на резултатите од јунскиот самит САД - ЕУ, објави Белата куќа

Претседателот на САД Џо Бајден изразил силна поддршка за пристапување на државите од Западен Балкан во ЕУ за време на денешниот разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, објави Белата куќа.

„Двајцата лидери разговараа за Западен Балкан и претседателот Бајден пренесе силна поддршка за продолжување на пристапниот процес со државите во регионот. Претседателот Бајден, исто така, ја истакна важноста од блиската соработка САД - ЕУ во Индопацифичкиот регион“, се вели во изјавата од Белата куќа.

Во неа се нагласува и дека претседателот ја повторил заложбата за поддршка на Европската Унија како фундаментален партнер на САД, како и неговата заложба да продолжи со имплементација на резултатите од јунскиот самит САД - ЕУ.

„Претседателот Бајден ја поздрави обновената соработка САД - ЕУ во однос на ковид-19 и презема чекори да ја адресира климатската криза, вклучително пред Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации во Глазгов подоцна овој месец“, се вели во изјавата од Белата куќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG