Линкови за пристапност

Бајден ќе го осигура претседателот Гани за поддршката на САД по повлекувањето од Авганистан, соопшти Белата куќа


Двајцата лидери ќе се сретнат денес во Белата куќа

Претседателот на САД Џо Бајден денес се среќава со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и главниот посредник за постигнување мир Абдула Абдула. Средбата ќе биде во Белата куќа.

Првата лична средба меѓу Бајден и авганистанските официјални лица се случува пред повлекувањето на останатите американски војници и сили на НАТО во Авганистан до 11.септември, како дел од одлуката на Бајден за ставање крај на, како што рече тој, „бескрајната војна“.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, на почетокот на неделава, рече дека Бајден очекува да ги пречека авганистанските лидери, со цел да ги осигура за американската економска и хуманитарна помош за државата, додека продолжува повлекувањето на трупите.

„Посетата на претседателот Гани и на Абдула ќе го истакнат партнерството меѓу САД и Авганистан, како што повлекувањето на војниците продолжува“, рече Псаки.

Гани и Абдула пристигнаа во Вашингтон вчера, кога се сретнаа со сенатските лидери Чак Шумер и Мич Меконел, како и со други членови на Конгресот.

Помошниците на Гани рекоа дека тој ќе го покрене прашањето за идните односи меѓу двете држави, и натамошната поддршка за авганистанските безбедносни сили.

(Текстот е направен со придонес на Асошиетед прес и Ајаз Гул во Исламабад)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG