Линкови за пристапност

Американскиот потпретседател во ненајавена посета на Ирак

Потпретседателот имаше долга средба со премиерот Нури ал Малики и неговиот главен ривал, поранешниот премиер Ијад Алави, со кого со недели трае несогласувањето за тоа кој ќе ја формира следната влада на Ирак.

Бајден воглавно се држеше подалеку од медиумите, додека ги одржуваше разговорите со Малики, Алави и претседателот Џалал Талабани.

За време на посетата на американските трупи, тој инсистираше дека развојот во Ирак се одвива во добра насока.

„Оваа нација, некогаш заплеткана во секташки борби и насилство, се движи напред кон трајна безбедност и просперитет со влада која ги претставува интересите на секој член на заедницата во Ирак“, рече Бајден.

Обидите да се пробие политичкиот застој наиде на мешана реакција кај некои ирачки политичари. Додека некои ги фалеа напорите на Бајден да го „намали јазот“ меѓу спротивставените погледи, други се жалеа дека тој се обидува да „наметне американско решение на ирачка внатрешна криза“.

Актуелниот премиер Малики, кој се обидува да го изманеврира Алави, вели дека тој има најголем изборен блок во парламентот и покрај добивањето помалку места на мартовските парламентарни избори.

Малики се обиде да се претстави како државник во неделата, велејќи им на новинарите дека не треба да се дозволи несогласувањето меѓу политичарите да влијае на интересите на државата и нејзиниот народ.

Поранешниот премиер Алави индицираше дека потпретседателот Бајден не понудил специфични предлози но дека ја нагласил потребата од брзо формирање нова влада за да се спречат надворешни сили да го експлоатираат политичкиот вакуум и да се создаде натамошна нестабилност.

Голем број експлозии во Ирак во неделата ја демонстрираа кревката безбедносна ситуација во државата. Во западниот ирачки град Рамади жена-самоубиец се разнела себе си пред владините канцеларии, убивајќи и ранувајќи неколку десетици луѓе. Двајца други бомбаши-самоубијци се разнеле во Киркук и Мосул.

Американските сили треба да се повлечат од Ирак до крајот на август, оставајќи само 50.000 во земјата. Американските команданти инсистираат дека повлекувањето ќе оди според планираното и дека ирачкиот политички вакуум нема да има влијание на тоа.

ателот имаше долга средба со премиерот Нури ал Малики и неговиот главен ривал, поранешниот премиер Ијад Алави, со кого со недели трае несогласувањето за тоа кој ќе ја формира следната влада на Ирак.

Бајден воглавно се држеше подалеку од медиумите, додека ги одржуваше разговорите со Малики, Алави и претседателот Џалал Талабани.

За време на посетата на американските трупи, тој инсистираше дека развојот во Ирак се одвива во добра насока.

„Оваа нација, некогаш заплеткана во секташки борби и насилство, се движи напред кон трајна безбедност и просперитет со влада која ги претставува интересите на секој член на заедницата во Ирак“, рече Бајден.

Обидите да се пробие политичкиот застој наиде на мешана реакција кај некои ирачки политичари. Додека некои ги фалеа напорите на Бајден да го „намали јазот“ меѓу спротивставените погледи на свет, други се жалеа дека тој се обидува да „наметне американско решение на ирачка внатрешна криза“.

XS
SM
MD
LG