Разговорите ќе се фокусираат на европската противракетна одбрана и руското членство во Светската трговска организација. Бајден и руските лидери исто така се очекува да разговараат за ситуацијата на Блискиот исток.
Бајден треба да се сретне со бизнис лидери во Соколово, место во близина на Москва каде Кремљ планира да гради технолошки центар. Тој се очекува да претседава со потпишувањето на зделка меѓу американскиот производител на авиони Боинг и рускиот Аерофлот.
Во четврток Бајден ќе се сретне со рускиот премиер Владимир Путин.
Русија е втора станица на Бајден на турнејата низ три држави. Тој прво ја посети Финска, а од Москва ќе замине во петок за куса посета на главниот град на Молдавија, Кишинев, пред да се врати во Вашингтон.