Линкови за пристапност

Грчкиот премиер со иранскиот претседател разговарал за приведените американски планинари


Грчкиот премиер и иранскиот претседател се сретнале во Њујорк каде двајцата присуствувале на самитот на ОН за Милениумски развојни цели.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу вели дека го покренал прашањето на двајцата американски планинари притворени заради наводно шпионирање во Иран за време на средбата со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Нема детали за разговорите, но американскиот потпретседател Џо Бајден вели дека е благодарен за напорите на Папандреу.

Грчкиот премиер и иранскиот претседател се сретнале во Њујорк каде двајцата присуствувале на самитот на ОН за Милениумски развојни цели.

Иран приведе тројца американски планинари кои случајно минале на иранска територија од Ирак во јули минатата година. Минатата недела единствената жена во групата беше ослободена но Ахмадинеџад рече дека не може да ги ослободи другите двајца.

Бајден, кој во вторник се сретна со Папандреу во Вашингтон, му даде комплименти на грчкиот лидер за како што рече „неверојатната работа“ на справување со грчката финансиска криза и стaвање на земјата на исправен пат.

XS
SM
MD
LG