Линкови за пристапност

Бајден ги заврши разговорите со група републикански сенатори за големиот инфраструктурен пакет


Бајден во вторникот се обрати до спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер за започнување на процесот и гласањето во Сенатот во јули, соопшти Белата куќа

Претседателот Џо Бајден ги заврши разговорите со група републикански сенатори за големиот инфраструктурен пакет и започна со подготовки во нов обид за двопартиски компромис, поставувајќи рок до Конгресот да го помине неговиот врвен законодавен приоритет.

Претседателот се оддалечува од разговорите со лидерот на преговарачкиот тим на републиканците, сенаторот Шели Мур Капито, откако двајцата разговараа во вторникот.

Анонимен извор сепак додава дека постои оптимизам за изнаоѓање решение.

Во исто време, со вознемиреност која се одвива како што одминува времето, демократите се обидуваат да постават темели да поминат дел или целиот амбициозен пакет самостојно. Бајден во вторникот се обрати до спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер за започнување на процесот и гласањето во Сенатот во јули, соопшти Белата куќа.

Републиканските сенатори понудија предлог од 928 милијарди американски долари, што вклучуваше околу 330 милијарди долари нови трошоци - но не колку предлогот на Бајден за инвестиции во износ од 1,7 трилиони долари за обнова на патиштата, мостовите, автопатите и друга инфраструктура, вклучително и болниците за ветерани и центрите за згрижување.

Бајден предложи зголемување на стапката на данок на добивка од 21 отсто на 28 отсто, што е неприфатливо за републиканците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG