Демократскиот кандидат за претседател на САД Џо Бајден вечерва ќе се обрати во Питсбург, Пенсилванија како прва станица на неговата кампања.
Експертите велат дека со изборот на местото за почеток на кампањата Бајден сигнализира дека се надева да ја добие најтешката битка на изборите 2020.
Бајден беше долгогодишен сенатор од Делавер. Роден е во Пенсилванија, каде има бројни врски со влијателни партиски фигури, кои може да имаат улога во неговата номинација, иако демократите велат дека оваа сојузна држава нема да биде од големо значење.
Сепак, кампањата на претседателот Доналд Трамп веќе подготвува стратегија да ја добие Пенсилванија по вторпат, бидејќи републиканците нема да се откажат лесно од сојузната држава што може да му донесе на Трамп 270 изборни гласови.
Facebook Forum