Линкови за пристапност

Бајден денес ќе го пречека лидерот на Јужна Кореја во Белата куќа


Северна Кореја се очекува да биде една од главните теми на разговорот

Претседателот на САД Џо Бајден денес се среќава со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин. Тој е вториот светски лидер кој дошол во Белата куќа откако Бајден ја презеде функцијата во јануари годинава.

Посетата на Мун можеби ќе биде последно патување во САД како претседател на Јужна Кореја, како и последна шанса да ги исполни изборните ветувања пред да му истече мандатот.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, рече дека разговорите меѓу двајцата лидери се случуваат неколку недели откако администрацијата на Бајден ја завршила ревизијата на политиката кон Северна Кореја, што сигнализира напуштање на пристапот на претходните администрации.

Северна Кореја се очекува да биде една од главните теми на денешниот разговор.

Мун, при јавно телевизиско обраќање на 10. мај, повика на обновување на корејскиот дијалог, ветувајќи дека ќе направи се` што би можел за да го обнови мирот.

„Ќе ја сметам последната година од мојот мандат како последна шанса да се придвижиме од некомплетен мир кон мир што е траен“, рече Мун.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG