Линкови за пристапност

Без странска помош, Украина можеби ќе треба да ги одложи платите и пензиите


Киев ги вложи сите свои приходи во одбраната по руската инвазија во февруари 2022 година, потпирајќи се на странска поддршка за покривање на сè, од пензиите до социјалните плаќања
Киев ги вложи сите свои приходи во одбраната по руската инвазија во февруари 2022 година, потпирајќи се на странска поддршка за покривање на сè, од пензиите до социјалните плаќања

Украинската влада се соочува со можно одложување на пензиите и платите на јавните службеници доколку клучната финансиска помош од Западот не биде одобрена наскоро, изјави заменик-премиерката Јулија Свириденко за „Фајненшл тајмс“ вчера.

Киев ги вложи сите свои приходи во одбраната по руската инвазија во февруари 2022 година, потпирајќи се на странска поддршка за покривање на сè, од пензиите до социјалните плаќања.

Но, клучните финансиски пакети, вклучително и 55,54 милијарди долари од Европската Унија, се блокирани во Брисел и во Вашингтон.

„Поддршката на партнерите е исклучително критична“, изјави Свириденко за весникот.

„Ни треба итно“.

Таа рече дека 500.000 државни службеници, 1,4 милиони наставници и 10 милиони пензионери може да се соочат со доцнење на исплатите.

Свириденко рече дека се надева оти финансирањето од ЕУ ќе биде одобрено во февруари и ќе биде испорачано во март.

XS
SM
MD
LG