Линкови за пристапност

Во Витлеем започнаа прославите за Божиќ


Божиќните прослави се во тек во градот Витлеем на Западниот Брег, чиј домаќин е Палестинската управа.

Поставена е џиновска елка на главниот плоштад со натпис „Да се молиме за слободата на Палестина“.

Ова е голема атракција и за Палестинците и за туристите. Елката се наоѓа на местото каде што се смета дека се родил Исус и каде традиционално доаѓаат голем број туристи.

Одзивот на годинашната парада е многу поголем од минатата година, кога поради немирите во регионот опадна бројот на посетители. Тогаш Палестинците започнаа насилни протести по признавањето на Ерусалим како главен град на Израел од страна на САД.

Витлеем традиционално и оваа година ја испраќа пораката за надеж, мир и правда во светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG