Линкови за пристапност

Христијанските верници се собираат во Витлеем по повод Божиќ


Оваа година многумина излегоа на свеченостите благодарение на намалувањето на насилствата на Западниот Брег

Христијанските верници се собираат во Витлеем, кој е под управа на Палестинците на Западниот Брег, за да го прослават Божиќ.

Прославите на Бадник свечено започнаа на плоштадот Манџер.

Палестински момчиња и девојчиња маршираа покрај џиновската божиќна елка пред древната црква каде е роден Исус.

Локалните Палестинци ја гледаа парадата заедно со верници од цел свет.

„Среќен сум што сум тука и можам да видам како секоја култура ја толкува преданоста кон Бога на различен начин“, рече Мајкл Алипрандини од американската држава Аризона.

Атмосферата беше свечена и во црквата. Силвија Наказибве допатува од Уганда.

„Ова е животно искуство за мене бидејќи од детството секогаш ја читам Библијата, читав каде се родил Исус, но понекогаш само си замислуваш и не си сигурен. Доаѓањето тука ја зголеми мојата вера “, рече Наказибве.

Оваа година многумина излегоа на свеченостите благодарение на намалувањето на насилствата на Западниот Брег.

„Пораката на Витлеем секогаш е порака за мир, надеж и правда за сите“, рече палестинскиот градоначалник на Витлеем, Антон Салман.

Но, Салман изјави за Гласот на Америка дека е песимист во врска со изгледите за мир со Израел. Тој го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека го признал Ерусалим за главен град на Израел и од Тел Авив ја пресели американската амбасада во Ерусалим минатата година.

„Сега е се покомплицирано“, рече тој.

Претседателот Трамп рече дека неговата објава во врска со Ерусалим не значи дека САД заземаат став за „какви било прашања поврзани со конечниот статус, вклучувајќи ги специфичните граници на израелскиот суверенитет во Ерусалим, или решавањето на оспорените граници“. Тој рече дека САД остануваат посветени на дводржавно решение ако двете страни тоа го сакаат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG