Линкови за пристапност

Берзата денеска – Волстрит во загуба пред клучните извештаи за пазарот на трудот


На екранот се прикажани логоти и информациите за „Spotify“ во Њујорк, 4 декември 2023 година.
На екранот се прикажани логоти и информациите за „Spotify“ во Њујорк, 4 декември 2023 година.

Волстрит се надева дека инфлацијата се намалува доволно за Федералните резерви да не ги зголемуваат каматните стапки.

ЊУЈОРК – Паднаа акциите на Волстрит пред некои клучни извештаи за пазарот на трудот кои би можеле да обезбедат длабинско анализи од страна на Федералните резерви за каматните стапки.

Акциите на S&P 500, од каде се следат перформансите на акциите на 500 најголеми компании во САД, паднаа за 0,9%. Индексот доаѓа во најдобриот месец во повеќе од една година, откако во петокот го достигна највисокото ниво.

Акциите на Dow Jones Industrial Average паднаа за 150 поени. Додека акциите на Nasdaq composite паднаа за 1,5%.

Паднаа и акциите на Алјаска ерлајнс откако соопштија дека ќе ги купат Хаваи ерлајнс. Spotify има пораст на акциите од 7% по најавениот трет круг на отпуштања оваа година.

Пад е забележан и кај технолошките компании. Microsoft има пад од 2,6%, а Apple 1,8%.

Цените на суровата нафта во САД паднаа за 0,3%. Цените на нафтата се намалуваат, а со тоа се помага да се намали притисокот врз инфлацијата.

Волстрит се надева дека инфлацијата се намалува доволно за Федералните резерви да не ги зголемуваат каматните стапки. Инвеститорите се надеваат дека економијата ќе остане доволно силна за да избегне рецесија.

Институтот за управување со снабдувањето утре ќе го објави својот ноемвриски извештај за услужниот сектор. Секторот е клучна компонента во економијата на САД и претставува најголем дел од работните места во државата. Извештајот може да даде повеќе увид во потрошувачката на потрошувачите и пазарот на работни места.

Волстрит неделава ќе добие неколку извештаи кои се фокусираат на пошироката слика за вработувањето во САД.

Пазарот на трудот остана силен во САД, дури и кога Федералните резерви нагло ги зголемија каматните стапки со цел да се бори против инфлацијата со забавување на целата економија. Инфлацијата паѓа од средината на 2022 година. Централната банка го паузираше зголемувањето на каматните стапки по нејзиното последно зголемување на крајот од јули.

Волстрит очекува каматните стапки да останат стабилни до почетокот на 2024 година, кога Федералните резерви би можеле да започнат со намалување на каматните стапки кои се на највисоко ниво во последните две децении.

XS
SM
MD
LG